Дома Фудбал Шок на Африканскиот куп на нации: Конго го елиминираше Египет по драматична пенал серија

Шок на Африканскиот куп на нации: Конго го елиминираше Египет по драматична пенал серија

По голема драма и повеќе од 120 минути игра, репрезентацијата на Конго го елиминира Египет во осминафиналето на Африканскиот куп на нации. Победникот беше решен по деветтиот круг изведување пенали.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во регуларниот дел од натпреварот беа постигнати два гола. И двата во првото полувреме. Конго поведе преку Елија, а израмни Мостафа Мохамед.

После 90. минута резултатот не се промени. Следеа продолженија, а веќе на стартот, поточно во 97. минута Хамди доби втор жолт картон и Египет остана со играч помалку.

И покрај тоа, фараоните издржаа до пенал рулетот, но немаа среќа во ударите од белата точка. Беа изведени дури девет серии.

Во последната деветта серија пенали изведуваа голманите. Прв во редот беше голманот на Египет Габаски, кој немаше среќа и ја погоди гредата.

Од друга страна голманот на Конго беше повеќе од самоуверен. Тој постигна гол во манир на расни изведувачи на пенали за големото славје на неговите соиграчи.

Така Конго се најде во четврт-финалето на африканскиот континентален турнир за прв пат од 2015 година кога го освои третото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…