Дома Топ вести Капело: На Реал му треба Халанд, а не Мбапе

Капело: На Реал му треба Халанд, а не Мбапе

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело смета дека на „кралевите“ во моментов повеќе му е потребен Ерлинг Халанд, отколку Килијан Мбапе од ПСЖ.

„Кралевите“ постојано се поврзуваат со трансфер на Мбапе и веќе неколку години работат на негово доаѓање на „Сантиаго Бернабеу“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, Капело смета дека на Реал му е потребен класичен голгетер како Халанд бидејќи веќе го има Винисиус, кој има слични карактеристики како Мбапе.

„Мбапе не е централен напаѓач, тој сака да игра на крилните позиции. Реал веќе го има Винисиус. На Реал му треба центарфор, па поради тоа сметам дека Халанд е подобар избор“, истакна Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Осимен избра каде ќе игра во иднина

Виктор Осимен, кој го бараат бројни клубови, претпочита да остане во Галатасарај и го инфо…