Дома Фудбал Шокантна изјава на фудбалерот на Алмерија: Во Мадрид не ограбија, па и ни се закануваа

Шокантна изјава на фудбалерот на Алмерија: Во Мадрид не ограбија, па и ни се закануваа

Eдна од главните теми денес во спортските медиуми е натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Алмерија во кој „кралевите“ губеа со 0:2, но на крајот направија пресврт и победија 3:2.

Алмерија која се уште по 21 коло нема победа испушти предност од два гола, меѓутоа она за што најмногу се зборува е судењето. Веројатно цела Шпанија освен Мадрид и навивачите на Реал смета дека андалузискиот тим вчера беше ограбен.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На овој натпревар видовме три ВАР одлуки и сите во корист на фаворитот, а исто така не беше санкциониран и Винисиус кој со лакт нокаутираше противнички фудбалер (ТУКА).

За натпреварот се огласи и тренерот на Барселона, Чави Ернандез кој истакна дека ако би кажел што мисли ќе добие казна (ТУКА), додека од друга страна Анчелоти од клупата на Реал смета дека ВАР одлуките биле исправни (ТУКА).

Фудбалерот на Алмерија, Гонсало Молеро дополнително ја изненади јавноста тврдејќи дека имало закани кон нив да не протестираат.

„Од овој натпревар си заминуваме со чувство дека победата ни беше украдена. Не ограбија, па и ни се закануваа дека не смееме да зборуваме и протестираме за судењето. Нема начин на кој би го прифатиле ова што се случуваше, надминати беа сите граници. Најлошо е што фудбалерите на Реал Мадрид мислат дека завршиле голема работа и слават“, изјави Молеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…