Дома Видео Не престануваат реакциите во Шпанија: ВАР не виде како Винисиус со лакт нокаутираше фудбалер на Алмерија 🎥

Не престануваат реакциите во Шпанија: ВАР не виде како Винисиус со лакт нокаутираше фудбалер на Алмерија 🎥

Во Шпанија бурни се реакциите по вчерашниот натпревар во кој Реал Мадрид ја победи Алмерија со пресврт од 3:2. На овој меч беа видени неколку одлуки кои влијаеа на резултатот во корист на „кралевите“.

Алмерија која е последна на табелата на полувремето водеше со 2:0, а Реал со три гола во вториот дел дојде до пресвртот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Покрај одлуките во ВАР собата најмногу многу се коментира и потегот на Винисиус. Крилниот играч на Реал Мадрид со лакт нокаутираше противнички фудбалер кој остана да лежи на теренот држејќи се за лицете, но главниот судија и неговите помошници останаа без реакција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Нови проблем за Ливерпул, великаните го расипуваат договореното изненадување?

Марк Геј договори се со Ливерпул, но Кристал Палас му го стопираше трансферот во “пе…