Српскиот фудбалер Немања Матиќ сака да го напушти Рен по само неколку месеци и пред себе има неколку опции.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Се пишуваше дека негова желба е да остане во Франција, но да се пресели во Лион. Сепак, наводно има и подобри понуди.
Според информациите на „Газета дело Спорт“ Милан би можел да го доведе Матиќ како привремено решение за проблемите во средниот ред. Медиумуте пишува дека Матиќ е достапен по ниска цена и дека поседува искуство и квалитет кој сигурно може да му помогне на Пиоли.
Во Италија претходно, Матиќ го носеше дресот на Рома, меѓутпа си замина по само една сезона по расправија со тренерот Жозе Мурињо кој неодамна поради лошите резултати доби отказ од римскиот клуб.