Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски пред мечот со Србија: Тие се големи фаворити!

Милевски пред мечот со Србија: Тие се големи фаворити!

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски и ја препушти фаворитската улога на Србија, но откри кои се нашите предности во тој дуел.

Во Полска игравме со Србија во вториот меч од нашата група и ремизиравме 2:2, а во петок ќе играме квалификациски натпревар со нашиот северен сосед.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Србија е главен фаворит кој доаѓа од првиот шешир, таму играат фудбалери кои играат во петте најсилни лиги и ќе биде исклучително тешко. Филозофијата е иста и немаме потреба ништо да менуваме во составот. Предноста на Македонија во однос на Србија е тимскиот дух и колективната игра“, истакна Милевски.

Натпреварот ќе се игра од 15 часот на теренот на Фудбалската федерација на Македонија, а Милевски нема да може да смета на Никола Кулески, кој беше стартер против Ерменија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…