Дома Останати Еванс заработи суспензија од една година, призна дека користи кокаин

Еванс заработи суспензија од една година, призна дека користи кокаин

Британскиот тенисер, Денијел Еванс денес е суспендиран на една година бидејќи падна на допинг тест, соопшто меѓународната тениска федерација.

Денијел Еванс беше позитивен на кокаин на тестот на 24. април во Барселона, па суспендијата ќе му ваши од тој датум.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


ИТФ во соопштението наведе дека Еванс „веднаш го признал престапот“, како и дека објаснил како кокаинот стигнал до неговиот систем. Како што е објаснето, кокаинот не ги подобрува перформансите, затоа и на тенисерот не му е изречена казна од четири години.

Како што се наведува, кокаинот претходно бил во истиот џеб на торбицата во која ги добил лековите кои ги конзумирал од 20. до 24. април.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал го отвори музејот за неговите успеси на Ролан Гарос (Фото)

Шест дена пред почетокот на Ролан Гарос, првиот на кој може да биде присутен само како пен…