Насер Ал-Келаифи, претседателот на Пари Сен Жермен објасни зошто на Меси не му било дозволено да се појави на „Паркот на Принцовите“ со пехарот за светски шампион освоен со Аргентина.
Според првиот човек на ПСЖ тоа нема да било во ред затоа што Аргентина во финалето ја победи Франција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ние сме француски клуб, а Аргентина ја победи Франција во финалето. Не сакав целиот стадион да биде против него, мислам дека тоа мораме да го почитуваме“, изјави Келаифи.
Од кога во јуни замина од ПСЖ во Интер Мајами, Меси многу зборуваше за проблемите во главниот град на Франција. Во интервјуто во август изјави дека му било „тешко“ сугерирајќи дека не уживал во својата игра.
Ал-Келаифи го обвини Меси и дека не го почитувал ПСЖ.
„Ако некој сака лошо да зборува за ПСЖ по заминувањето тоа не е добро, разговараме додека сме тука. На таков начин се покажува непоичитување. Тој не е лош човек, но мене не ми се допаѓа. Мојот коментар се однесува за сите кои би биле во таква ситуација, не само за него“, порача првиот човек на францускиот гигант.