Дома Трансфер зона Фирмино дефинитивно заминува од Саудиска Арабија, а тоа е добра вест за Алиоски

Фирмино дефинитивно заминува од Саудиска Арабија, а тоа е добра вест за Алиоски

Бразилецот Роберто Фирмино иако добро ја почна епизодата во Саудиска Арабија, сепак подоцна работите не се одвиваа во посакувана насока, па скоро сигурно до крајот на овој месец ќе се врати во Премиер лигата.

Заминувањето на Фирмино е добра вест за македонскиот фудбалер, Езгјан Алиоски кој остана на својата желба да продолжи во Ал Ахли и со заминувањето на Бразилецот би се ослободило место за странци во тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алиоски имаше добри настапи за Ал Ахли, но мораше да биде „жртвуван“ поради дозволениот број на странци.

Како можни нови дестинации на Фирмино се споменуваат Шефилд Јунајтед и Фулам, клубови кои водат битка за опстанок во најсилната англиска конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

АС: Модриќ донел конечна одлука

Лука Модриќ има само уште месец ипол важност од актуелниот договор со Реал Мадрид, а клубо…