Низ шега тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике брутално го понижи Мануел Угарте за кого францускиот гигант плати сума од 60 милиони евра изминатото лето.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Енрике вчера го освои својот прв трофеј откако е во Париз со победата против Тулуз од 2:0 во Суперкупот на Франција.
На прес-конференцијата новинарите му поставија прашање за Угарте кој одигра лош натпревар, а од шпанскиот стратег следуваше ироничен одговор.
„Каков беше Угарте денеска? Одличен! Не изгуби ниту една топка, не направи грешка, перфектен“, искоментира иронично Енрике.