Реал Мадрид денес го очекува натпревар против Алавес во шпанското првенство и во него избраниците на Карло Анчелоти секако ќе сакаат да освојат нови три бода.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На конференцијата пред овој натпревар Анчелоти направи лапсус кој брзо стана хит на социјалните мрежи.
Анчелоти зборуваше кои фудбалери би можеле да го пополнат местото на повредениот Давид Алаба и направи ненамерна грешка на која и самиот се изнасема.
„Чуаменига“, изговори италијанскиот стратег сакајќи да каже дека Чуамени не сака да игра како стопер, додека Камвинга не планира да биде лев бек, меѓутоа ако е потребно би одговориле и на тие позиции.
🤣❤️ TCHOUAMENINGA = Tchouameni + Camavinga! pic.twitter.com/VUv6JlaEwC
— EuroFoot (@eurofootcom) December 20, 2023