Дома Фудбал Нов скандал во турскиот фудбал на натпревар на кој што играа двајца македонски репрезентативци

Нов скандал во турскиот фудбал на натпревар на кој што играа двајца македонски репрезентативци

Неодамна судија беше претепан на теренот, поради што беа одложени натпреварите од 17. коло, а вечерва се случи нов скандал во рамките од турската Супер лига.

Во второто полувреме од натпреварот помеѓу Истанбулспор на Валон Етеми и Трабзонспор на Енис Барди, претседателот на домашната екипа им нареди на играчите да го напуштат теренот незадоволни од судењето. Наводно, причината е недосуден пенал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Натпреварот беше прекинат во 79 минута при резултат 1:2 за Трабзонспор и фудбалерите на Истанбулспор немаа намера да се вратат на теренот.

Спорен детал кога домашните побараа пенал, кој не беше досуден, а недолго потоа Трабзон постигна гол.

Конверзација со првиот човек на Истанбулспор имаше и македонскиот репрезентативец Етеми

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал се одмазди на Бенфика во луд натпревар со црвени картони

Реал Мадрид извојува победа како гостин против Бенфика на стадионот “Луж” со м…