Дома Фудбал Останато Сензација: Роберто Карлос нов селектор на Косово?!

Сензација: Роберто Карлос нов селектор на Косово?!

Репрезентацијата на Косово е во потрага по нов селектор, а откако не успеа опцијата со Блаж Слишковиќ сега медиумите во оваа земја пишуваат за две имиња.

Едната опција е легендарниот турски стратег Шенол Ѓунеш кој во 2002 година ја водеше репрезентацијата на Турција до третото место на Светското првенство, додека втората е уште попознато име.

Наводно, во игра е легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос. Карлос долги години како фудбалер го носеше дресот на Бразил, а на клупски план најголемите успеси ги оствари во Реал Мадрид.

Се истакнува дека раководството на Косово го преферира Ѓунеш кој имал и понуда од Азербејџан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…