Џорџо Кјелини пред неколку дена објави дека ја завршува професионалната кариера, а легендарниот дефанзивец веднаш доби понуди да остане во фудбалот.
Брзо реагираше неговиот поранешен клуб Јувентус, каде што ги помина најдобрите денови во кариерата. Исто така Американците му понудија да стане дел од раководството на лигата, додека репрезентацијата на Италија му понуди место како помошник на Спалети.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, понудата од Јувентус веројатно е на прво место за Кјелини. Јувентус на својот поранешен фудбалер му нуди прво да биде амбасадарот на клубот во наредните две години.
Кјелини од друга страна има желба да работи во клубот, а во Јувентус сметале дека за тоа е потребно искуство, па затоа по две години како амбасадор оставиле простор за нови преговори за директорска функција.
Сега се чека одговорот на екс-дефанзивецот на ваквата понуда, дали ќе работи како амбасадор и ќе чека понуда да се вклучи во работата на клбуот или ќе прифати некоја од останатите понуди.