По малата криза тимот на Денвер се врати на победничките патеки и врза серија од три победи, па така се враќа кон врвот на Западната конференција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Изминатата вечер актуелниот шампион го победи Бруклин со 124:101, а и во оваа победа главен на теренот беше Јокиќ. Иако на теренот беше само 29 минути српскиот кошаркар оствари трипл-дабл од 26 поени, 15 скока и 10 асистенции.
За Јокиќ ова беше десетти трипл-дабл во сезоната со што стана прв кошаркар во историјата на НБА кој седум сезони имал најмалку двоцифрена бројка трипл-дабл учинок.
Освен Јокиќ на оваа средба се истакнаа Востон со 18 и Мареј со 16. Кај Бруклин најефикасен беше Динвиди со 17 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Бостон – Кливленд 116-107
Мајами – Чикаго 116-124
Далас – Минесота 101-119
Денвер – Бруклин 124-101
Портланд – Јута 114-122
Сакраменто – Оклахома 128-123
ЛА Клиперс – Голден Стејт 121-113