Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски: Ќе дадеме максимум против Италија, да одиграме како во Скопје!

Ангеловски: Ќе дадеме максимум против Италија, да одиграме како во Скопје!

Македонските фудбалски репрезентативци денес ги започнаа подготовките за престојните последни квалификациски натпревари против Италија и Лихтенштајн.

Поради повреда Бобан Николов нема да биде во комбинација за натпреварите против Италија и Лихтенштајн, на негово место дополнително повикан е напаѓачот Адис Јаховиќ кој по подолго време се враќа во репрезентацијата на Македонија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На средбата со новинарите селекторот Игор Ангеловски изјави дека е задоволен од играчите и се надева на добро издание против Италија во Торино.

„Го знаеме квалитетит на Италија тоа е четирикратен светски шампион. Ќе се обидеме да покажеме максимум. Моите играчи покажаа дека знаат да играат и со силни противници. Имаме доволно време да се подготвиме, да анализираме, фудбалерите на претходните два дуела беа на посакуваното ниво, па очекувам така да биде и на овие два натпревара со Италија и потоа со Лихтенштајн на домашен терен во Струмица“, истакна селекторот.

„Во Скопје одигравме добар натпревар против Италија и мислам дека можеме да одиграме уште еден таков“, заклучи Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија комплетна во подготовките за мундијалскиот бараж!

Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките пред баражот кој не оч…