Натпреварот од НБА купот помеѓу Сакраменто и Њу Орлеанс беше одбележан со трагедија во која почина навивач на трибините.
Од таборот на Кингс го објаснија трагичниот настан во кој имало и реакција од итната помош, но за жал обидите да се спаси животот на навивачот кој бил на возраст околу 30 години биле безуспешни.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Во текот на првата четвртина од натпреварот помеѓу Кингс и Пеликанс, на еден од навивачите му се слоши. Брзата помош веднаш реагирала и се обидела да реанимирајте го. За жал, нивните обиди беа неуспешни. Навивачот исто така почина. Целата организација изразува длабоко сочувство до семејството на навивачот и неговите најблиски“, стои во клупското соошпштение.
Кога е резултатот во прашање Њу Орлеанс славеше победа со 127:117 и така обезбеди место во полуфиналето на новоформираното натпреварување. Во вториот натпревар во вечерта Индијана го совлада Бостон со 122:112.
Kings say a fan tragically died at tonight’s game after having a medical emergency and receiving CPR. pic.twitter.com/ggUTA1Pxnn
— Marc J. Spears (@MarcJSpears) December 5, 2023