Никола Јокиќ и оваа сезона игра одлично за актуелниот шампион во НБА лигата, а сега со интересна изјава во јавноста излезе неговиот соиграч Мајкл Портер Јуниор.
Имено, за Јокиќ веќе е добро познато дека сака да ужива, а одморот од напорната сезона знаеше како да го искористи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според изјавата на Портер Јуниор, Јокиќ во текот на неговиот летен одмор пиел по најмалку шест пива дневно, а очигледно тоа не влијае на неговиот перформанс на теренот.
„Тој е уникатен. Кога ќе го гледате, тој е најдобриот играч што сум го видел. Како е можно после МВП година да станеш подобар? И минатата сезона беше подобар, а ние освоивме прстен. Зборував со него и ми кажа дека пиел по шест пива дневно во Србија. Најверојатно, не допирајте ја ни топката“, додаде Портер.