Арда Туран ова лето остана на „Камп Ноу“ иако беше сосема јасно дека Ернесто Валверде нема да смета на него.
Турскиот репрезентативец ги одби сите понуди, дури и тие од татковината, па одлучи да остане на „Камп Ноу“ и да се бори за место во тимот.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Шпанскиот медиум „Дарио гол“ пренесува дека Арда Туран сега во целст паднал во немилост на Лео Меси и дека неговите денови во Барселона се одброени.
Туран во 2015 година пристигна на „Камп Наоу“ од Атлетико Мадрид, но не се наигра многу во каталонскиот гигант. Валверде го отпиша уште пред почетокот на сезоната, па неговото останување само му создава проблеми на тимот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Турчинот е „отфрлен“ од тимот и дека поголем дел од времето го поминува сам, па создава лоша атмосфера во тимот. Тоа воопшто не му се допаѓа на Меси кој од раководството побарал што е можно побрзо да го реши неговиот статус.