Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ блескаше и повреден: Со 41 поен го водеше Далас до победа 🎥

Дончиќ блескаше и повреден: Со 41 поен го водеше Далас до победа 🎥

По двата натпревари на гостински терен Далас се врати во својата арена и дојде до важна победа против една од екипите кои бележат значаен прогрес сезонава.

Мавс славеа со 121:115 против Хјустон и овојпат беа предводени од одличниот Лука Дончиќ на кого пред само три дена му беше дијагностициран скршен прст. Не само што Дончиќ, настапи туку одигра и феноменално.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот словенечкиот кошаркар го заврши со 41 поен, девет скока и девет асистенции и малку фалеше да дојде до својот 59. трипл-дабл.

Покрај Дончиќ одличен настап имаше и Ирвинг со 27 поени, а прв стрелец на спротивната страна беше Алперен Шенѓун со 31 поен, девет скока и шест асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – Чикаго 124-97

Бруклин – Торонто 115-103

Кливленд – Атланта 128-105

Мајами – Милвоки 124-131

Њујорк – Шарлот 115-91

Минесота – Оклахома 106-103

Далас – Хјустон 121-115

Сакраменто – Голден Стејт 124-123

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…