Италијанските медиуми пренесуваат дека Масимилиано Алегри донел одлука на лето да го напушти Јувентус.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Алегри се соочува со многу проблеми во Јувентус, минатата сезона му беа одземени бодови, оваа сезона има проблем со суспендирани играчи, но има и многу критики на негова адреса.
Алегри станува разочаран од недоволната доверба на управата, која не му укажа поддршка и околу остварувањето на желбите во летниот преоден рок.
Тој веќе донел одлука да го напушти клубот по завршување на сезоната, а раководството работи на доведување на Антонио Конте.