Дома Македонски спорт Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс

Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс

Македонскиот кик боксер Бобан Илиоски ја освои титулата на Светското првенство кое се одржува во португалскиот град Албуфеира, откако во денешното финале го совлада Нурбек Уришбоев од Узбекистан со убедливи 3-0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На патот до златниот медал во категоријата лоу кик до 86 килограми Илиоски дојде со три убедливи победи од по 3-0.

Настапот на Светското првенство во кик бокс македонскиот натпреварувачот го почна со триумф во четвртфиналето над Алберт Угринчиќ од Босна и Херцеговина, а во полуфиналето беше поуспешен од Елјан Алкишијев од Азербејџан.

Минатиот ноември Илиоски ја освои и титулата европски првак во категоријата лоу кик до 86 килограми. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …