Дефанзивецот на ПСЖ, Преснал Кимпембе побарал од раководството да му биде дозволен трансфер, бидејќи не е задоволен од ситуацијата во клубот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
26-годишниот Французин е дете на ПСЖ и целата кариера ја помина на „Паркот на Принцовите“, но сега сака нов предизвик во кариерата.
Најсилен интерес за него покажува Манчестер Јунјатед, кој сака да ја засили дефанзивната линија во зимскиот преоден рок.
Рафаел Варан е пред заминување од „Олд Трафорд“, а англискиот клуб токму во Кимпембе гледа идеална замена за него.
Раководството нема да му стои на патот и му порачало дека може да си бара нов клуб, а ПСЖ очекува за неговиот потпис да добие 50 милиони евра.