Дома Фудбал Карагер се побуни за пеналот, Миовски му одговори!

Карагер се побуни за пеналот, Миовски му одговори!

Aнглија вчера ремизираше против Македонија во Скопје, а помеѓу оние кои реагираа за досудениот пенал за Македонија беше и Џејми Карагер.

„Бизарни се овие ВАР пенали што се судат во Европа. Уште побизарно е што не го досудија оној од Мегваер“, објави англиската фудбалска легенда.

Но, на Карагер не му остана должен ниту Бојан Миовски кој беше фаулиран од Рико Луис при пеналот.

„Бла, бла, бла“, кратко одговори македонскиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ананиев со четири победи ја предводеше Македонија до третото место во Русе

Македонските кадети завршија трети на турнирот „Русенски легенди“, а Лука Ананиев го доби …