Иако за нешто повеќе од еден месец ќе го прослави својот 39. роденден, Леброн Џејмс игра како во своите најдобри денови.
Лејкерс стигнаа до четвртата победа во последните пет натпревари по триумфот против Хјустон со 105:104, а убедливо најдобар на паркетот беше Леброн. Натпреварот ветеранот го заврши со 37 поени, погоди 14/19 од игра, 7/9 од линијата за слободни фрлања. Доминантниот настап го надополни со уште осум асистенции, шест скока и три освоени топки.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За Леброн ова беше петти натпревар сезонава во кој постигна 30 или повеќе поени. Само пет поени му недостасуваат на „кралот“ да ја помине границата од 39.000 во кариерата и тоа веројатно ќе се случи во следниот натпревар против Јута.
Покрај Леброн, на натпреварот со Хјустон се истакна и Ентони Дејвис со 27 поени и 10 скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Бруклин – Филаделфија 99-121
Торонто – Детроит 142-113
Индијана – Орландо 116-128
Кливленд – Денвер 121-109
Далас – Сакраменто 113-129
Јута – Феникс 137-140
Мемфис – Бостон 100-102
Портланд – Оклахома 91-134
ЛА Лејкерс – Хјустон 105-104