Дома Фудбал Останато Дал отказ на работа за да игра „Фудбал Менаџер“, сега заработува двојно повеќе

Дал отказ на работа за да игра „Фудбал Менаџер“, сега заработува двојно повеќе

Британецот Том Келси (26) минатата година дал отказ на работа за да може да игра „Фудбал менаџер“, а денес го живее својот сон и заработува двојно повеќе отколку на работата која ја работел.

Келси од Линколн започнал да игра „Фудбал Менаџер“ пред шест години, а таа го привлекла толку многу што му станала и професија. Работел во судот во неговиот град каде што имал плата од околу 2.000 евра месечно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Додека одел на работа отворил „Јутјуб канал“, но не можел доволно да му се посвети поради немањето слободно време. Во август минатата година одлучил да даде отказ и да се насочи работата Јутјуб.

Сега игра „Фудбал Менаџер“ околу 50-60 дневно и неговиот канал има 120.000 претплатници и месечно заработува двојно повеќе од работата на која дал отказ.

„Кога почнав да работам, никој кој објавуваше видеа од „Фудбал Менаџер“ немаше повеќе од 100.000 претпатлници. Никогаш не мислев дека до тука можам да стигнам, ова е лудо. За мене е најдобро што можам да заработувам додека сум сам свој шеф и имам сопствени изнори, а не да работам за некој друг. Лесно можам да играм 50-60 часа неделно. Тоа звучи лудо, но за мене е сон“, изјави Келси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…