Доменико Берарди сака да го напушти Сасуоло во јануари и веќе се договорил со Јувентус, пренесува „Калчомеркато“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Берарди со години игра одлично во Сасуоло, но никако да направи трансфер во голем клуб. Јувентус го сакаше и во летниот преоден рок, но не успеа да го реализира трансферот.
„Старата дама“ не се откажува од Италијанецот, кој е голема желба на Алегри, па ќе се обиде да го доведе во јануари.
Сега и самиот Берарди го притиска клубот да му дозволи трансфер и веќе постигнал договор со Јувентус.