Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер најави дека и натаму ќе продолжи со ротацијата на играчи.
Венгер е свесен дека неговиот тим има многу натпревари оваа сезона, па се одлучи за ротација. Така што едни ќе играат во лигата, па нема да играат во Лига Европа, и така во круг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По победата на ВБА направи дури 9 промени за гостувањето на Бате Борисов во рамки на ЛЕ. „Топчиите“ славеа со 4:2, а брилијантен беше и Тео Волкот, кој конечно доби шанса да игра од самиот старт на мечот.
„Вилшер и Волкот покажаа дека се подготвени. Ова е тој систем на ротација, тој нуди можност сите да покажат колку вредат и да бидат сите здрави и подготвени“, истакна Венгер.
„Позитивно е што имам 20 играчи за избор. Негативен е податокот дека некои играчи кои заслужуваат да играат, не можат принудно да играат во следниот меч. Но, во секој случај продолжувам со ротацијата“, потврди Французинот.