Дома Кошарка Србин во еден месец смени повеќе тимови во НБА отколку што постигна поени

Србин во еден месец смени повеќе тимови во НБА отколку што постигна поени

Репрезентативецот на Србија Филип Петрушев нема најдобра дебитантска сезона во НБА лигата и во еден месец смени повеќе тимови отколку што постигна поени.

Прв негов тим беше Филаделфија, севентисикерс за која одигра само три минути и беше трејдуван во ЛА Клиперс. Клиперс уште без настап го испратија во Сакраменто, а овој тим сега одлучи да го прекомандува во развојната Џи-лига во Стокон кинг.

Зад себе Петрушев има три години професионална кариера во кои играше за Мега, Анадолу Ефес и Црвена Звезда.

Во минатата сезона во Евролигата имаше просек од 10.7 поени за 23 минути поминати на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Навивачка пресметка пред „Јане Сандански“: еден повреден, еден приведен

Судир меѓу навивачи на МЗТ Скопје и Работнички заврши со болничко згрижување на едно лице …