Дома Видео Ужас: Поранешен шампион во бокс пука луѓе на сред улица! 🎥

Ужас: Поранешен шампион во бокс пука луѓе на сред улица! 🎥

Поранешниот европски шампион во бокс, 37-годишниот Никита Иванов од Русија направил хаос пред ресторан во Москва.

Имено, Иванов најверојатно во алкохолизирана состојба влегол во конфликт со едно лице со кое и се степал. Тогаш во одбрана на нападнатото лице се вклучиле неговите пријатели, а излегол и човекот кој бил обезбедување во ресторанот.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Иванов влегол во пресметка и со него, кога конечно бил соборен место да запре тој извадил пиштол и почнал да пука во луѓето. Настанот бил снимен од безбедносните камери на улицата и може да се види како Иванов пука во нозете на луѓето, свесен дека не сака да ги убие.

Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот и го уапсила. Иванов европски шампион беше во 2013 година, претходно освои и бронза, а исто така неколку пати беше и шампион на Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…