Тимот на Пелистер вчера на домашен терен во Битола беше поразен од Беса со 1:2 во вчерашниот натпревар од ВМФЛ, а по овој натпревар има бурни реакции во битолската јавност.
Имено, Беса постигна гол од очигледна недозволена позиција, денес на социјалните мрежи се огласи една од најпознатите фан страни посветени на битолскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во нивната објава тие потенцираат дека ова не може да биде оправдување за слабата игра на Пелистер, но е кревање глас против ситуацијата со судењето која според нив е криминална.
„Катастрофалната одлука на првиот помошник Путилин Бранко, за првиот гол и водство на Беса од 0-1.
И што ќе добиеме сега? Признавање дека згрешил? До кога така? ФФМ? Комисија за делегирање?
Иначе, ОВА не е оправдување за поразот и за уште едно слабо издание на Пелистер, за тоа оправдување НЕМА. Ова е гласно кревање глас против криминалот од ФФМ и нивните послушници во црно.
За колку кеш вака судите? Колку ви чини честа ако ја имате?“, стои во нивната објава.