Дома Македонски спорт Mиовски по голот за финале: Бев изморен, тоа беше шут со последните сили!

Mиовски по голот за финале: Бев изморен, тоа беше шут со последните сили!

Абердин вчера се пласираше во финалето на шкотскиот тим, а вистински херој на тимот беше македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Миовски го постигна единствениот гол во натпреварот во кој Абердин играше и со играч помалку.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


По натпреварот нашиот репрезентативец секако имаше причини за задоволство.

„Посебно е чувството кога ќе добиеш ваков натпревари и тоа пред своите навивачи. Беше тежок меч, но заслуживме да прославиме на ваков начин. Голот го постигнав со последните сили, со последниот шут што можев да го упатам.

 Бев изморен бидејќи играв како единствен напаѓач, а имавме и играч помалку. Верувавме во себе, стигнавме до шанса, постигнавме гол и сега сме во финале. Покажавме менталитет на теренот, се браневме многу добро и бевме концентирани до последната секунда. Горд сум на овие момци. Го оставивме срцето на терен“, изјави Миовски.

Противник на Абердин во финалето ќе биде подобриот од денешниот меч помеѓу Хартс и Глазгов Ренџерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона се приближува до враќањето дома и најави отворен тренинг на реновираниот „Спотифај Камп Ноу“

Од Барселона официјално најавија дека првиот тим ќе одржи отворен тренинг на „Спотифај Кам…