Дома Фудбал Ќе се игра ли натпреварот Фиорентина – Јувентус? Навивачите бараат одложување

Ќе се игра ли натпреварот Фиорентина – Јувентус? Навивачите бараат одложување

Натпреварот помеѓу Фиорентина и Јувентус треба да се игра в недела од 20:45 часот, но домашните навивачи бараат истиот да биде одложен поради невремето кое е ја погоди Фиренца.

Фиренца е погодена од големо невреме поради кое животот веќе го загубија шест лица и затоа дуелот ако се игра ќе започне со една минута молк.

Градоначалникот на градот најави дека засега немаат во план да го одложат натпреварот, но ја следат ситуацијата и ако има потреба ќе реагираат.

Дербито се игра в недела од 20:45 часот и распродаден е целиот „Артемио Франки“, па на трибините ќе има 36.000 гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Илиќ: Оди на операција, Србија останува без него

Повредата против Болоња бара хируршки зафат. Иван Илиќ ќе биде опериран во Финска, а Пауно…