Фудбалската асоцијација на Англија започна своја истрага против играчот на Њукасл, Сандро Тонали.
Италијанецот неодамна доби суспенција од 10 месеци поради нелегално обложување, кое го правел додека го носеше дресот на Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега раководните луѓе на Англија сакаат да дознаат дали Тонали продолжил да се обложува после трансферот во Њукасл кој се случи во јули.
Ако се обложувал, 23-годишниот фудбалер може да добие дополнителна казна и Њукасл подолго време нема да може да смета на засилувањето од 70 милиони евра.
Самиот Тонали и неговиот агент признаа дека играчот е зависен од коцкање и веќе започна процесот на лечење и одвикнување.