Интер е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Французинот минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа кај Тен Хаг.
„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат во јануари бидејќи не сакаат да го загубат без обештетување на крајот на сезоната.
Французинот исто така е спремен да ја промени средината, а за него најсилен интерес покажува Интер.
„Нероаѕурите“ се во потрага по напаѓач, а Марсијал можат да го доведат за симоболична сума во јануари.