Манчестер Сити го доби градското дерби со Јунајтед, откако на „Олд Трафорд“ славеше со 3:0.
„Граѓаните“ полесно од очекуваното го добија дербито и практично не му дозволија на Јунајтед да направи поголеми шанси.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Најпрво беше досуден пенал откако Хојлунд го собори Родриго во казнетиот простор, а сигурен реализатор беше Халанд.
Истиот играч во вториот дел зголеми на 2:0, а одличниот Онана го спречи Норвежанецот да дојде до хет-трик.
Конечните 3:0 беа дело на Фојден на десетина минути пред крајот.