Ветеранот Томас Милер продолжува да руши рекорди во Баерн Минхен откако на натпреварот против Мајнц стана играчот со најмногу победи во историјата на Бундеслигата.
Милер шанса од Тухел доби во 88. минута и тоа беше доволно за во официјалната статистика да му биде забележана 323 победа во елитното германско друштво. До оваа бројка Милер дојде со 449 одиграни натпревари во најсилната германска конкуренција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рекордот претходно со 323 победи го држеше соиграчот на Милер, Мануел Нојер кој подолго време е надвор од терените поради повреда. Нојер за Баерн и Шалке претходно одигра 478 натпревари.
Следен голем рекорд кој го брка Милер е оној на Лукас Подолски кој има 125 настапи за репрезентацијата на Германија Милер е на пет помалку.