Дома Топ вести Барса ќе се засилува од Германија – Ѕвездата на Лајпциг се сели на „Камп Ноу“?

Барса ќе се засилува од Германија – Ѕвездата на Лајпциг се сели на „Камп Ноу“?

Екипата на Барселона наскоро би можела да доведе неочекувано засилување.

Имено, нов член на тимот од „Камп Ноу“ би можел да стане германскиот фудбалер од редовите на Лајпциг, Тимо Вернер. 21-годишниот напаѓач е хит во Бундеслигата оваа сезона. Постигна пет гола во шест настапи и неговите игри во последните неколку месеци го привлекоа вниманието на големите тимови.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Вернер уште во јануари би можел да ја промени средината. Барселона е сериозно заинтересирана за неговите услуги и ќе се обиде да го доведе во своите редови, каде што во првата сезона би бил резерва за Луис Суарез. Договорот со Лајпциг го врзува Вернер до 2020. година. Неговата цена на пазарот во моментов е 25 милиони евра, но сигурно дека со евентуална продажба би заработиле многу повеќе пари.

Тимо Вернер ги помина сите младински селекции на репрезентацијата на Германија, а за најдобрата селекција одигра осум натпревари и постигна фантастични шест гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Атлетико тргнува по напаѓачот на Милан

Саму Чуквуедзе минатото лето пристигна како големо засилување за Милан, но до сега не ги о…