Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат медиумите на Островот.
Де Брујне на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Сити размислува дали да му понуди продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Причина за тоа се честите повреди на 32-годишниот Белгиец, кој ќе пропушти голем дел од актуелната сезона поради повреда.
Отсуството на Де Брујне се чуствува во играта на тимот, но Белгиецот ќе мора да прифати помала плата доколку сака да остане на „Етихад“.
Во спротивно ќе биде продаден и „граѓаните“ ќе потрошат значителна сума за негова замена.