Дефанзивецот на ПСЖ, Преснал Кимпембе нема да го продолжи договорот бидејќи не е задоволен од ситуацијата во клубот.
28-годишниот Французин е дете на ПСЖ и целата кариера ја помина на „Паркот на Принцовите“, но сега сака нов предизвик во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кимпембе не е задоволен од својот статус во клубот, иако изминатите години беше незаменлив во одбраната на „светците“.
Французинот ја одбил понудата за нов договор, па на лето ќе биде слободен агент.
Тој е спремен да слушне понуди уште во јануари, а најсилен интерес за него покажуваат клубовите од Премиер лигата и Серија А.
🚨Presnel Kimpembe plans to listen to offers from La Liga, the Premier League and the Serie A league if he does not receive a contract extension offer from PSG.🇫🇷 🔵 #PSG pic.twitter.com/zRb0UfQaJL
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) October 20, 2023