Реал Мадрид и Ливерпул покажуваат сериозен интерес за младата ѕвезда на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, пренесува „Билд“.
Весникот тврди дека Баварците воопшто не размислуваат за продажба на својот „бисер“ и планираат да му понудат нов договор кој му истекува во 2026 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред неколку месеци Баерн започна преговори со агентот на Мусијала, но преговорите во моментов се во застој.
„Билд“ тврди дека Мусијала не е задоволен од статусот кој го има во тимот бидејќи и покрај добрите игри често е на клупата за резерви.
Ливерпул и Реал сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го доведат во своите редови.