Како и што најави пријателот близок на семејството на Аргентинецот пред неколку дена – сега повеќе светски познати медиујми потврдуваат, Лионел Меси е добитник на „Злантата топка“ од „Франс Фудбал“.
За 13 дена Меси ќе ја прими престижната награда која ја освојува по осми пат во кариерата со што е убедливо на врвот, Кристијано Роналдо остана со своите пет на втората позиција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Главната причина поради која Меси ја освојува „Златната топка“ е Светското фудбалско првенство на кое ја предводеше Аргентина до титулата.
Најголем конкурент на Меси му беше Ерлинг Халанд кој сепак и покрај фантастичната сезона со Манчестер Сити остана без наградата. Меси освен Мундијалот немаше преголем успех на клупски план, но го освои француското првенство и суперкупот со Пати Сен Жермен.