Дома Фудбал Швајцарија до 89. минута губеше со 3:1. Погледнете ја драмата во која таа се спаси од пораз

Швајцарија до 89. минута губеше со 3:1. Погледнете ја драмата во која таа се спаси од пораз

Швајцарија и Белорусија одиграа 3:3 на средбата од групата И во квалификациите за ЕП 2024.

Швајцарците изненадувачки не дојдоа до три бода на својот терен во Сент Гален. Швајцарија поведе со прекрасниот гол на Џердан Шаќири во 28. минута, но следеше пресврт.

Преку Макс Ебонг во 61., Денис Полјаков во 69. и Дмитри Антилевски во 84. Белорусија во самата завршница поведе со 3:1, но Мануел Аканџи во 89. и Зеки Амдуни во 90. минута успеаја да погодат двапати за конечни 3:3.

Погледнете го драматичниот крај ТУКА.

Романија е на чело на групата со 16 бодови, а потоа следат Швајцарија со 15, Израел, Косово, Белорусија и Андора.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најбогатиот фудбалер во светот е слободен агент и си бара нов клуб

Фаик Болкија, сметан за најбогатиот фудбалер во светот поради огромното богатство на негов…