Ушти три репрезентации синоќа обезбедија пласман на Европското првенство во 2024 година кое ќе се одржи во Германија.
Со победата од 4:0 на домашен терен против Летонија во Коња, Турција обезбеди едно од првите две места во групата Д, во која игра и Хрватска, додека Шпанија со победата од 1:0 на гостувањето кај Норвешка во Осло, ги реши сите недоумици во групата А, каде пласманот на ЕП го обзебеди и Шкотска.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Сега се познати седум учесници на Европското првенство. Заедно со домаќинот Германија и Турција, Шпанија и Шкотска, кои го направија тоа вчера, Франција, Белгија и Португалија се пласираа на ЕП во петок.
Да потсетиме и Хрватска во овој дел од квалификациите имаше шанса да се пласира на ЕП. Наместо тоа, со поразите од Турција и Велс, си ја искомплицира ситуацијата во групата и падна на третото место на рангирањето.
Доколку остане таму и по преостанатите два натпревари, односно по натпреварите со Летонија и Ерменија, ќе се обиде да стигне до еврото преку дополнителни квалификации.
Репрезентации кои се пласираа на ЕП:
- Германија (домаќин)
- Шпанија
- Шкотска
- Португалија
- Белгија
- Франција
- Турција