Дома Фудбал Репрезентации Англичаните изненадија: Не сакаат директно учество на Европското првенство

Англичаните изненадија: Не сакаат директно учество на Европското првенство

Европската куќа на фудбалот денес официјално објави дека Велика Британија и Република Ирска ќе бидат домаќини на Европското првенство во 2028 година.

Како што правилото на УЕФА, земјата домаќин добива автоматско учество, но од Англија испратиле изненадувачко барање до Европската куќа на фудбалот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, Англичаните не сакале да добијат сигурно место на ЕП 2028. Во објаснувањето било наведено дека сакаат фудбалерите да играат важни и натпреварувачки натпревари со цел да бидат во најдобра форма за главната фаза.

Познати се и градовите каде што ќе се игра Европското првенство, тоа се: Белфаст, Бирмингем, Кардиф, Даблин, Глазгов, Ливерпул, Лондон, Манчестер и Њукасл.

Ќе потсетиме, за домаќини за ЕП 2032 беа избрани Турција и Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Еден од најдобрите во светот сонува да го облече дресот на Реал Мадрид?!

Доминик Собослаи неодоливо потсетува на Стивен Џерард. Му недостига само капитенската лент…