Фудбалската федерација на Саудиска Арабија (САФФ) испрати писмо до ФИФА со намера да биде домаќин на Светското првенство во 2034 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа би бил прв Мундијал во таа земја, а од федерацијата пренесуваат дека ваквата намера ги одразува целите на нацијата за отклучување на нови фудбалски можности на сите нивоа и посветеноста да го поддржи растот на играта низ сите краеви на светот.
„Ова е втор чекор во исклучително возбудливото патување на кое е нашата нација. Минатата недела ја објавивме нашата амбиција да бидеме домаќини на Светското првенство на ФИФА во 2034 година, а оваа официјална понуда ја потврдува нашата посветеност да ги оствариме соништата на нашите луѓе“.
„Светското првенство во фудбал во 2034 година е наша покана до целиот свет да биде сведок на развојот на Саудиска Арабија, да се запознае со нејзината култура и да стане дел од нејзината историја. Решени сме да ја претставиме најконкурентната понуда која исто така ќе помогне да се обедини светот преку фудбалот, изјави претседателот на Федерацијата, Ал Мишехал.