Дома Трансфер зона Интер потврди: Го сакаме Озил!

Интер потврди: Го сакаме Озил!

Миланскиот гигант Интер вчера ги објави приходите за претходната година кои пораснаа на 321 милион евра, но „нероаѕурите“ година ја завршија со губиток од 24 милиони евра.

Тоа значи дека „нероаѕурите“ нема да имаат голем трансфер буџет во јануарскиот преоден рок, но сепак имаат намера да го засилат тимот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Спалети од раководството бара офанзивен играч за врска, а на врвот на листата желби е Месут Озил од Арсенал.

Тоа денес го потврди и потпретседателот Ерик Тохир кој истакна дека клубот разгледува и неколку други опции.

„Вистина е, го сакаме Месут Озил, но разгледуваме и други опции. Сепак, засилувањата во јануари не секогаш знаат да ги оправдаат очекувањата“, изјави Тохир.

Озил донесе одлука да не го продолжува договорот со Арсенал кој истекува на крајот на сезоната, па „топџиите“ ќе се обидат да го продадат во јануари за да заработат на неговото заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…