Дома Фудбал Вејн Руни остана без клуб

Вејн Руни остана без клуб

Екс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ја заврши соработката со неговиот клуб Ди-Си Јунајтед.

Разделбата помеѓу Руни и Ди-Си Јунајтед доаѓа откако вчера неговиот клуб славеше со 2:0 против Њујорк Сити. Сепак, тие бодови не беа доволни за тимот да влезе во плеј-офот.

„Ова е вистинско време за заминување. Направив се што можам да го одведам клубот во плеј-офот. Но, некогаш работите не излегуваат онака како што сакаме“, изјави Руни по натпреварот.

Ди-Си Јунајтед беше во добра позиција да обезбеди плеј-оф меѓутоа со серија од шест натпревари без победа се доведоа во лоша ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сасуоло со шест промени по дебаклот, Фиорентина не го менува тимот

Двата тима чекаат лигашка победа веќе пет натпревари. Аквилани прави голема реконструкција…