Дома Фудбал Италија Jувентус реагираше: Погба не смее да доаѓа ниту на тренинзите

Jувентус реагираше: Погба не смее да доаѓа ниту на тренинзите

Oткако вчера се потврди позитивниот допинг-тест на Пол Погба, Јувентус му забрани да тренира со остатокот од екипата и му ја суспендираа скоро целата плата.

Погба падна и на вториот допинг тест поради што се очекува да добие долгорочна суспензија од фудбалот од две или три години која практично би можела да значи и крај на неговата кариера.

Според информациите на „Л’Екип“ во наредните денови Јувентус ќе се обиде да го раскине договорот со Погба кој има важност до јуни 2026 година. Во Јувентус веруваат дека можат да го расикнат договорот без обврска да му ја исплатат загарантираната сума во договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фернандез во Сити може да оди само под еден услов

Челси размислува да го продаде аргентинскиот играч од средината, Енцо Фернандез (25), на М…