Дома Фудбал Останато Стигнале резултатите од вториот тест на Погба: Дали на повидок е крај на кариерата на Французинот?

Стигнале резултатите од вториот тест на Погба: Дали на повидок е крај на кариерата на Французинот?

Францускиот фудбалер Пол Погба го чека долга пауза од терените, откако и повторениот допинг-тест се покажал како позитивен.

Ќе потсетиме, Французинот доби позитивен допинг тест по натпреварот со Удинезе, па сега беше направен и втор кој не оди во прилог на фудбалерот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Погба тврдеше дека е невин и дека свесно не земал никакви забранети супстанци, сепак по вториот позитивен допинг тест Фудбалската асоцијација и официјално ќе отвори истрага против него.

По ова лесно може да се случи Јувентус да го раскине договорот со Погба, а така би се ослободиле од играчот кој има највисока плата во тимот. Максималната суспензија која му се заканува на Погба е ечетири години.

Со оглед на неговите чести повреди и годините нема да биде изненадување ако објави и крај на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал постигна договор со Инкапие, сака да го земе на заем со задолжителна опција за откуп

Одбранбениот играч на Баер Леверкузен Пиеро Инкапие ги договори личните услови со Арсенал …